More

    За првпат пратениците од ДУИ гласаа без можност да уценуваат, рече Митева

    spot_img

    Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка Марија Митева денеска на прес-конференција рече дека со изгласувањето на Законот за реорганизација на државната управа е направен првиот чекор кон комплетна ефикасност, рационализација и транспаретност на институциите во државата.

    Законските измени, како што посочи таа, биле работени и со претставници на ЕУ и истите се дел од ИПА програмата.

    – Покажавме силен капацитет во Собранието, покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ умее да води конструктивен политички дијалог за обезбедување на 2/3 мнозинство низ предлози кои решаваат системски и важни прашања за нашите граѓани. За првпат по долги години, парламентарното мнозинство, предлага закон за структурни реформи, кој во својата суштина е развоен и трансформативен, со што не се остави простор за негово проблематизирање на ниту една партија која нема задни намери истиот да не го поддржи – рече Митева.

    За првпат, според Митева, и претставниците на ДУИ гласале без можност да условуваат, затоа што законските измени се реформски и транспарентни.

    Митева најави дека сите законски измени и систематски промени ќе бидат работени низ јасна процедура, со јасен и недвосмислен законски наратив, кој нема да остави простор за проблематизирање и блокирање од било кого.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img