Русија денеска ја обвини Украина дека користела проектили што ги добила од САД за да убива жени и деца во јужна Русија, обвинувајќи го Вашингтон.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, тврди дека смртните случаи се случиле минатата недела во Белгород, откако САД ѝ дозволија на Украина да го користи своето оружје за да нападне цели на руска територија.
Захарова смета дека зеленото светло на Вашингтон претставува „признавање на убиствата на жени и деца во регионот на Белгород“.
– Фрагментите од ракетата ХИМАРС ќе послужат како директен доказ – им рече таа на новинарите.
Захарова, сепак, не ги достави тие докази во форма на фотографии или вистински фрагменти и не откри колку луѓе загинале во наводниот инцидент.