Семејството на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ вчера организираше прослава по повод четвртиот роденден на малиот Жељко, син на Вељко и Богдана Ражнатовиќ.
Мама Богдана и тато Вељко Ражнатовиќ направија вистинска забава за своето првородено дете во дворот на величествениот дом во Тител каде што живеат со години.
Заедно со другарчињата на Жељко, на прославата дошле и многу пријатели на семејството.
Роденденската торта направена по желба на Жељко, комбинирала херои од неговите омилени цртани филмови „Paw Patrol“ (Патролни шепи) и диносауруси, додека балоните биле во соодветни бои.
Пресреќниот славеник Жељко ја дувнал свеќата на тортата, а атмосферата дополнително била комплетирана со прскалки.
Меѓу гостите биле и сите пријатели на синот, како и бројни пријатели на семејството Ражнатовиќ, меѓу кои Бојана и Мирко Шијан, како и Анастасија Гудељ и Цеца.
– Среќен роденден синко – му честитал Вељко на првороденото.