Здравко Чолиќ (71) веќе со години е во складен брак со Александра, но пред неа тој бил вљубен во сараевската актерка Јасна Орнела Бери (67).
Таа била негова голема љубов, а во неа се вљубил на прв поглед.
Тоа било во текот на 70-те години во Сараево, каде што тогаш и двајцата живееле.
„Ние се запознавме кога бевме многу млади, одамна. Одевме на Скендерија, во Домот за млади, којшто собираше таленти, и таму имаше не само пејачи, туку и актери, сликари… Се дружевме и таму првпат се вљубив. Сите ние имаме наша прва љубов и секогаш ќе има еден дел во моето срце резервиран само за него. Особено затоа што имав едно прекрасно искуство кое ќе го паметам цел живот“, рекла актерката за босанските медиуми.
Секој тргнал по својот пат, но по војната повторно се сретнале, овој пат во Белград.
Како што раскажала актерката, средбата била многу емотивна. За Здравко рекла дека е добар човек и дека е полн со позитивна енергија, па додала:
– Тоа и понатаму е љубов која не може да се помилува и да се држи за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј или ничиј. Пред сè, тој е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноч ми те дугује““ – заклучила актерката.
ФОТО: Инстаграм