ГРАЃАНИТЕ ОД ТРИ ОХРИДСКИ УЛИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ БЕСПЛАТНИ ЦВЕТНИ ЖАРДИНИЕРИ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Граѓаните кои живеат на улиците „Радојца Новичиќ“, „130“ и „28 Април“ ќе може да подигнат жардиниери со саксиско цвеќе, како дел од проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.

Доделувањето на жардињерите ќе се одвива денеска, 5-ти јуни (среда) и утре, 6-ти јуни (четврток) во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид, од 9 до 13 часот.

Заитересираните граѓани со себе треба да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

Овој проект, Општина Охрид го реализира секоја година во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, а годинава е предвидено да бидат поделени 400 бесплатни жардиниери со саксиско цвеќе.

Share This Article