More

    Со години тој мора да ги слуша советите на службите

    spot_img

    Како што одминува времето, рускиот претседател Владимир Путин станува сè повеќе параноичен. Според последните информации од Кремљ, тој почнал да носи панцири на јавните настапи бидејќи е загрижен за својот живот и стравува од атентат, пишува Дејли мејл.

    Двајца руски функционери и извор близок до Кремљ изјавија за „Москва тајмс“ дека специјалните служби на земјата „до невиден степен ги зголемиле и онака строгите безбедносни мерки околу претседателот Владимир Путин“.

    Кремљ е во состојба на готовност поради инвазијата на Путин на Украина, но и поради неодамнешните напади врз високи политичари во Европа и Азија.

    Изворот исто така додаде:

    – Кремљ многу сериозно ја сфаќа безбедноста на Владимир Путин. Заштитен е од цела армија видливи и невидливи чувари.

    Во извештајот се тврди дека 71-годишникот носи заштитен елек на настани на отворено барем од почетокот на 2023 година.

    Исто така, во извештајот се наведува дека тоа го прави по препорака на службата за обезбедување што го чува.

    Извори потврдија дека тој носел панцир под јакната на 9 мај на Црвениот плоштад додека се појавувал на големата парада на Денот на победата.

    Се смета дека елекот на Путин е отпорен на куршуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img