More

    Алкараз рутински го елиминира Циципас и го доби дуелот со Синер

    spot_img

    Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, третиот носител на Ролан Гарос, се пласираше во полуфиналето на Грен слем турнирот во Париз по убедливата победа против Гркот Стефанос Циципас со 6-3, 7-6(3), 6-4.

    Во полуфиналето Алкараз ќе игра против вториот носител Италијанецот Јаник Синер кој претходно во вторник во четвртфиналето го победи Бугаринот Григор Димитров исто така во три сета со 6-2, 6-4, 7-6(3). .

    Алкараз доминираше против грчкиот тенисер до средината на вториот сет кога имаше водство од 1-0 и брејк предност во вториот дел. Тогаш Циципас накратко покажа заби, ја врати негативата од брејк и го освои тај-брејкот. Во него Алкараз повторно беше убедлив и доминантен. Поведе со 2-0 во сетовите, а во третиот се врати сликата од почетокот на мечот, кога Шпанецот ги контролираше случувањата на теренот и без поголеми проблеми го доби пробивот во полуфиналето.

    Тоа беше шести меч на овие двајца тенисери и шеста победа на 21-годишниот Шпанец, кој ги доби последните осум сета во низа против грчкиот играч.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img