Девојка од Газа открива како го преживеала пеколот

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На крајот на минатата година, лекар во Газа снимил ужасна сцена: итна ампутација на нога извршена на трпезариска маса.

За да ѝ го спаси животот на младата девојка тој морал со кујнски нож и без анестезија да ѝ ја исече ногата. Со себе имал само кофа и малку сапун.

На 19 декември 2023 година, 17-годишната Ахед Бсеисо се искачи на последниот кат од зградата недалеку од болницата Ал Шифа во Газа за да се обиде да го повика својот татко, кој живеел во Белгија, бидејќи таму имало најдобар сигнал. Додека се обидувала да го добие на телефон својот татко тоа утро, забележала големи израелски тенкови на улицата и наеднаш одекнала силна експлозија.

– Слушнав тресок и ѕидот се урна врз мене. Насекаде имаше прашина и на почетокот не можев да разберам каде сум – истакнува Ахед. Нејзината мајка и роднините притрчале да ѝ помогнат. Успеале да ја извлечат од урнатините, но виделе дека едната нога ѝ е скршена, а другата е во уште полоша состојба.

Нејзиниот вујко земал сапун од кујната и почна да си ја чисти ногата.

– Го прашав вујко ми дали ногата е во ред, а тој само ми рече дека е подобро да не гледам надолу – додала таа. Семејството ја носело Ахед по скалите до станот, додека надвор се слушало пукање.

– Немаше хируршка опрема. Вујко зеде сапун од кујната и почна да си ја чисти ногата. Потоа почна да плаче – се сеќава таа.

Вујкото, лекар, го легнал девојчето на масата во кујната и решил да изврши итна операција. Левата нога била тешко повредена, а десната потколеница на парчиња. Девојката очајно го молела својот вујко да не ѝ ја ампутира ногата, но тој знаел што ја чека. Тој морал да избере помеѓу спасување на ногата и нејзиниот живот.

– Немаше анестезија, цело време бев свесна – вели Ахед.

Вујкото ја снимил операцијата за да му покаже на светот какви ужаси се случуваат во Газа. Таа одлука на крајот го променила животот на младата девојка. Имено, видеото го видела и Вафа Абед која живее во мало американско гратче во Јужна Каролина.

Како и многумина прогонети Палестинци, Абед внимателно ја следеше ситуацијата во Газа. Кога наишла на видеото од ампутацијата, таа му рекла на синот Тарек: „Мораш да ја извадиш оваа девојка. Само мораш“.

Тарек Хаилат, 27-годишен студент по медицина, неодамна почнал да волонтира за Палестинскиот детски фонд за помош (ПЦРФ). Тој одлучи да ја извади Ахед од Газа. Но, успеал по повеќе од еден месец и 17 неуспешни обиди.

Израел во неколку наврати ѝ ја одбиваше дозвола да ја напушти Газа, а нејзиниот медицински конвој исто така беше нападнат, уништувајќи го возилото што го води нејзиното. Кога Ахед пристигнала во САД, се нашла во малку непријатна ситуација – во земја која ја прифатила и ја спасила од ужасите на војната, но која во исто време ѝ дава најголема поддршка на нацијата која ѝ ги нанела повредите.

– Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои дадоа се од себе да ми помогнат. Но, не ми беше лесно да ја напуштам Газа и да заминам на лекување во земја која е можеби дури и поодговорна за мојата состојба од Израел – рече таа.

Ахед има намера да замине во Јужна Каролина за целосно да се опорави, но сака да се врати дома што е можно поскоро.

– Среќна сум и благодарна за оваа можност, но моето срце сè уште е со семејството во северниот дел на Газа, кое моментално е најстрашното место на светот – заклучува Ахед.

 

 

Share This Article