More

    Со 2,4 милијарди евра ќе го зајакнува Дојче Бан

    spot_img

    Германската државна банка KfW објави дека продаде 110 милиони акции на Дојче Телеком, а приходите од 2,43 милијарди евра треба да бидат насочени кон зајакнување на сопственичкиот капитал во Дојче Бан и модернизирање на железничката мрежа.

    „Акциите се продадени по цена од 22,13 евра, а пакетот одговара на сопственички удел во Дојче Телеком од 2,2 отсто3, се наведува во соопштението на KfW.

    Цената на акциите на Дојче Телеком беше 22,64 евра на крајот од вчерашното тргување на берзата.

    „KfW и Владата и по продажбата ќе го задржат статусот на најголеми акционери, со вкупен удел од околу 27,8 отсто“, соопшти Министерството за финансии, додавајќи дека не планираат да го менуваат.

    Оттаму додаваат дека федералната влада ќе ги искористи нето приходите од трансакцијата за зајакнување на капиталот во Дојче Бан и за проширување на железничката инфраструктура во Германија.

    Во февруари KfW продаде 50 милиони акции на логистичката компанија DHL за 2,17 милијарди евра.

    Германската влада планира да собере до 4 милијарди евра оваа година со продажба на удели во компании.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img