Милошоски му одговори на Лога

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ најави реформи во Судскиот совет и Советот за јавни обвинители. Токму на оваа тема зборуваше Антонијо Милошоски во изданието на „Дејли Клик“ на ТВ21.

Го коментираше тоа што актуелниот министер за правда Кренар Лога со писма ги информираше странските амбасади за најавените идни потези од страна на новата власт.

– Би кажал дека министерот во заминување Кренар Лога има право да се жали и да пишува такви писма, но се надевам дека писмата нема да ги испрати од Македонска Пошта, затоа што тоа е водено од ДУИ и е нефукционално, и може да не стигнат писмата. Во однос на темата, току поради еден од најспособните министри Лога и неговата заменичка Мадиќ, падна довербата во правосудството на рекордни 2%. Реформи се неопходни и сметам дека ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска како ветен проект пред граѓаните, да направиме реформи во овие две институции – изјави Милошоски.

Share This Article