More

    Очајните градинари и овоштари од Струмичко и од Ќустендил се предадоа

    spot_img

    На тој што сака да си набере пролетна зелка директно од нивите во Струмичко му треба само – добра волја. Разочарани од ниската откупна цена и од фактот дека речиси половина од пролетната зелка остана да скапува на нивите, земјоделците почнаа бесплатно да ја нудат и на социјалните мрежи. За откупна цена од 1 или 2 денара, на нив не им се исплати да се ја берат.

    Националната земјоделска мрежа, која ги подржува протестите на земјоделците, вели дека итно треба да се стави ред на увозот на земјоделски производи.

    – Цените на земјоделските производи не ја отсликуваат реалната состојба, бидејќипроизводствените цени се повисоки од откупнитеа. Во земјата влегуваат големи количества земјоделски производи со сомнителен квалитет и покрај тоа што имаме доволно домашно земјоделско производство. Нашите барања до надлежните институции сее итно да се запре увозот, да се стави контрола на откупните центри, да се дефинираат производствените цени и да се одредат реални откупни цени кои ќе бидат прифатливи за земјоделците, за трговците и за граѓаните, со цел да се обезбеди економска одржливост и квалитет на земјоделското производство – изјавил за весникот “Вечер“Ѓорѓи Каракашев, од Националната земјоделска мрежа, пренесува сајтот Зелена берза.

    За утеха на македонските градинари и овоштари, слична и состојбата и во соседна Бугарија. Таму нема кој да ги бере црешите. Очајните овоштари најавиле кампања „Набери сам“.

    Акцијата за берење вишни зема замав и овоштарите од Ќустендилско ги отвораат своите овоштарници за посетителите кои сакаат да дојдат на лице место и да ги берат плодовите.

    Гостите влегуваат во бавчите, берат колку што им треба, а потоа плодовите се мерат на вага. Цените се симболични – 1 лев за килограм (околу 30 денари). Во големите градови килограм вишни се продава по цена од 13 до 14 лева.

    Целта на овоштарите од Бугарија не е само да ги продаваат своите производи, туку и да им овозможат на Бугарите да вкусат вистинско овошје од градините и да се уверат дека бугарските цреши се повкусни од увезените од Грција и од Турција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img