Според прелиминарните податоци на Германската метеоролошка служба (DWD) во неколку области во јужна Германија имало врнежи од дожд во последните денови, кои обично се случуваат само еднаш во 50 до 100 години.
Обилните дождови и големите поплави во двете најјужни германски покраини со денови предизвикуваат големи тешкотии, а десетици илјади служби за итни случаи континуирано се на терен од петокот навечер.
Илјадници луѓе беа евакуирани во текот на изминатите неколку дена, а се очекува повеќе да ги напуштат своите домови поради обилните дождови што ја погодија јужна Германија, предизвикувајќи надојување на реките.
Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а најмалку еден пожарникар се уште се води како исчезнат.
Метеорологот на DWD, Томас Дојчландер, рече дека врнежите може да се опишат како настан што се случува еднаш во векот и дека се „секако невообичаени, но не сосема извонредни“.
„Се уште е привремено, сè уште треба да ги провериме податоците“, рече Дојчландер, додавајќи дека понекогаш станиците откажуваат или мерењата биле премногу ниски.
Вкупно околу 20 до 30 мерни станици во јужна Германија покажаа екстремно високи водостои.
Некои екстремни вредности се поврзани со врнежи во еден ден, додека други се поврзани со врнежи во текот на три последователни дена, објасни Дојчландер.