More

    Пропадна и четвртото гласање за нов прeтседател на Уставниот суд

    spot_img

    Пропадна и четвртото гласање за нов прeтседател на Уставниот суд. За наследничка на Кацарска има две кандидатки, Татјана Бозаџиева Васиќ и Ана Павловска Данева, но ниту една досега не го доби потребното мнозинство од 6 гласови.

    Во првите два круга на гласање Уставниот суд не успеа да избере претседател на судот, откако завршува тригодишниот претседателски мандат на Добрила Кацарска која вчера даде отчет за сработеното. Но и по дадената пауза разултатот беше идентичен и во третото и четвртото гласање.

    „Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за претседател при ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство. Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставниот суд. Седницата за избор продолжува утре во 10 часот“, информираат од Уставниот суд.

    Инаку за избор на претседател на Уставниот суд се потребни шест од деветте гласа на членовите на судот, односно мора да се избере со двотретинско мнозинство.

    Неофицијално се дознава дека Татјана Васиќ-Бозаџиева добила пет гласа, а Ана Павловска-Данева четири. И двете судијки не се откажуваат од кандидатурата, што би можело да биде решение за настанатата ситуација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img