Авионот принудно слета, фудбалерите шокирани: Моменти на неизвесност и страв (ВИДЕО)

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Авионот кој ги превезувал фудбалерите на Кадиз за Ел Салвадор морал принудно да слета поради ненадеен дефект на моторот.

Наместо да паузираат по напорната сезона, фудбалерите на Кадиз мораа шокантно да слетаат во Севиља, откако моторот на авионот ненадејно се расипал.

Откако заврши непријатното искуство, претседателот на клубот Мануел Вискаино проговори за случувањата на летот.

„Сите го почувствувавме тој дефект на моторот, но никој од нас не е пилоти за да знае што точно се случува. Тоа беа моменти на неизвесност и страв. Веднаш по слетувањето, од компанијата задолжена за патот ни рекоа дека нема итно решение, што има смисла. Играчите беа во шок и секако беше невозможно да им се каже дека ќе патуваме. И покрај се, веќе размислуваме кога ќе патуваме за Ел Салвадор“, изјави Вискаино.

Џеремијас Ледесма, фудбалер од Кадиз, дури снимил како изгледа дефектот, а тоа видео можете да го погледнете на линкот под текстот.

Кадиз минатата сезона заврши на 18-то место во Ла Лига и затоа следната година ќе игра во втората лига на шпанскиот фудбал.

 

 

 

 

Share This Article