Една од најпознатите манекенки во светот, Ирина Шајк (38), на својот профил на Инстаграм покажа фотографии на кои е во црно бикини и ги остави без здив своите обожаватели.
Супермоделот уживаше во викендот со својата седумгодишна ќерка Леа Де Сејн, која ја доби во врската со холивудскиот актер и режисер Бредли Купер.
Облечена во едноставно црно бикини, Ирина Шајк ја покажа целата своја раскош.
Инаку, Ирина е родена на 6 јануари 1986 година во рускиот град Јеманжелинск. Својата манекенска кариера ја започнала во 2004 година кога потпишала договор со агенција во Москва, а две години подоцна се преселила во Париз. Помалку е познато дека нејзиното вистинско презиме е Шајхлисламова.
Таа се здоби со меѓународно признание кога се појави како прв руски модел на насловната страница на „Спортс илустрејтед“ во 2011 година. Покрај успешната манекенска кариера, Ирина е позната и по врските со познати личности.
Руската убавица беше пет години во врска со Кристијано Роналдо, по што влезе во врска со холивудскиот заводник Бредли Купер со кого доби ќерка, а подоцна ја поврзуваа и со Канје Вест и Том Бреди.