Едно лице загина, а повеќе од 30 се повредени утринава во судир на автобус и патнички автомобил кај Мали Пожаревац, Србија, објави РТС.
Возачот на автомобилот загинал, а повеќето од повредените се здобиле со полесни повреди, додека четворица се тешко повредени.
Несреќата се случила во 5.40 часот на приодниот пат кој од Младеновац води кон автопатот и клучката Мали Пожаревац.
Автобусот кој учествувал во судирот сообраќал на приградската линија 493.
На местото на настанот пристигнале три екипи на Брза помош од Младеновац.
Сообраќајот на таа делница е забавен и полицијата го регулира, пренасочувајќи ги возилата преку Мали Поповиќ.