More

    Бојчева-Терзијан: Квалитетните статистички податоци, клучни за истражувачката работа и за формулирањето на политиките

    spot_img

    Подготовката на квалитетни, доверливи и навремени податоци се клучни за добро разбирање на економијата. Оттаму, статистичката функција на Народната банка, којашто е една од нејзините основни задачи, е од суштинско значење и централната банка постојано работи на унапредување на квалитетот и опфатот на статистичките податоци коишто ги објавува, посочи директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан, на предавањето коешто го одржа на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ − Штип, под наслов „Статистичките податоци на Народната банка: Клучен фактор за донесување одлуки засновани на докази“. Предавањето беше во рамките на свеченото отворање на Лабораторијата за квантитативни истражувања во економските и организационите науки, како дел од заложбите на овој универзитет за подобрување на научно-истражувачката инфраструктура и со тоа, афирмација на научната работа и раст на бројот на публикувани научноистражувачки трудови.

    На предавањето, директорката даде поширок приказ на сите податоци коишто ги објавува Народната банка и нивната улога во носењето мерки и политики. Исто така, беа разгледани и погодностите коишто ги нуди статистичката платформа НБСтат за пребарување и споредба на подолгите серии статистички податоци подготвени од Народната банка.

    Квалитетното исполнување на статистичката функција на Народната банка е редовно истакнувано од страна на меѓународните финансиски институции. Народната банка го следи највисокиот статистички стандард СДДС плус. Таа редовно прибира, обработува и објавува податоци, а постојано работи и на развивање и унапредување на одделните статистички домени. Но, податоците добиваат вредност само доколку се користат, истакна  Бојчева-Терзијан и од таа причина, Народната банка постојано ја поддржува научно-истражувачката работа, којашто е основа за носење на одлуките за монетарната политика. Покрај ова, се преземаат и други активности за нејзино поттикнување, како што се редовните средби на Клубот на истражувачите, којшто претставува отворена платформа за презентација и дискусија за научно-истражувачки трудови. Преку доделување награди за младите истражувачи се поттикнува развојот на научната мисла и изработката на трудови од областа на макроекономијата и се афирмираат младите и стручни кадри. Поради сето ова, Народната банка како професионална институција и натаму ќе вложува во статистиката, бидејќи таа е стожер за целокупната аналитичка база и за донесување најсоодветни одлуки за економската политика од страна на сите економски субјекти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img