Четири лица загинаа, а 12-годишно девојче е тешко повредено при делумно уривање на станбена зграда во градот Тонглинг, во провинцијата Анхуи во источна Кина, соопштија локалните власти.
Едната страна од петкатницата се урна во понеделникот, а првичната истрага покажа дека пет лица се водат за исчезнати, јавува Ксинхуа.
По операцијата за пребарување и спасување рано утринава, пронајдени се телата на четири лица, како и тешко повредено девојче.
Жителите на зградата се евакуирани бидејќи постои опасност од дополнително уривање.
Обилни врнежи беа забележани во градот Тонглинг од ноќта кон саботата до понеделник наутро, според Ксинхуа.