Секој политичар треба да најде баланс, порача Милошоски

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова остана доследна на својот став во врска со користењето на името на државата, смета пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, што не било случај за поранешниот претседател Стево Пендаровски и поранешниот премиер Димитар Ковачевски за време на кампањата.

– Забележавме дека има друга недоследност, токму тие коишто го промовираа новото уставн оиме на државата и некогаш дури пречесто го повторуваа, во Собранието, на дебатни емисии и слично, забележавме дека во изборната кампања дури претходниот претседател Пендаровски и поранешниот премиер Ковачевски, сѐ почесто знаеја колоквијално да го користат само името Макеоднија или Република Македонија, што сметам дека не беше конзистентно според она што тие го имаа најавено и промовирано. Така што, нема да биде никакво изненадување ниту обраќањето на мандатарот и иден премиер Христијан Мицкоски во Собранието за коешто јас очекувам да биде токму такво. Во формалниот дел, при неговиоте службени укази, одлуки, решенија, владини документи, да се применува и да се користи она што е создадено како нова формално-правна реалност – рече Милошоски вечерва во „Топ тема“.

Според него, новите функционери ќе ја почитуваат, како што ја нарече „новата реалност“ таму каде што мора, а таму каде што може ќе го користат само името Македонија.

СДСМ со вакво однесување е прашање дали го слушнала гласот на граѓаните на многу теми. Но, добро секоја партија си прави своја проценка, истакна Милошоски.

Пратеникот укажа дека СДСМ со својата политика купи ден-помини ` нанесе енормна штета на граѓаните и на Македонија.

– Кога имате една политика која што е купи ден-помини, вие правите сериозни отстапки и концесии, за коишто внатре домашната јавност, политичка и медиумска ќе се расправа. А, соседите тие коишто немаат добри намери ќе се ситат. А, целта нема да си ја постигнете таа што ви е стратешки зацртана – ја појасни Милошоски политиката на СДСМ каква што беше додека тие беа на власт.

Тој посочи дека Македонија ако напредува во владеење на правото, тогаш односот на земјите членки на ЕУ кон Македонија ќе биде поповолен.

– Ако во Македонија има сериозни реформи и напредок особено во областа што е најкритична да кажам за земјите кандидати во рамките на ЕУ, а тоа е владеењето на правото, и ако тука покажеме добар резултат сметам дека и односот на земјите членки на ЕУ кон Македонија ќе биде поповолен. Ние треба да си ја завршиме домашната работа и тоа што зависи од нас – укажа тој.

Милошоски додаде дека главните теми во Владата ќе бидат повеќе инвестиции, поголем приоритет на владеење на правото и реформите во тој сектор, бидејќи се бележеше голем пад во правосудството, и третото ќе биде евроинтеграциите според Копенхагешки критериуми. 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article