Актерот Џони Вактор е убиен во Лос Анџелес.
Телевизиската ѕвезда, која се појави во повеќе од 200 епизоди од хит серијата „Општа болница“, почина рано наутро во саботата на 37-годишна возраст.
Неговата мајка Скарлет ја потврди трагичната вест за американскиот портал ТМЗ.
Скарлет истакна дека нејзиниот син бил со колешка во моментот кога бил застрелан. Тројца мажи наводно се обиделе да украдат катализатор, по што дошло до престрелка. Вактор и го спасил животот на својата колешка откако застанал пред неа за да спречи куршумот да ја погоди. Осомничените со возило побегнале од местото и сè уште се трага по нив, соопшти полицијата. Истрагата е во тек.
Брзата помош веднаш го пренела во болница, но, за жал, можеле само да констатираат смрт.