Шестгодишно девојче од Ниш, итно е пренесено во болница со убодни рани, откако нејзината 20-годишна мајка со нож ја избодела во грбот, пренесува Блиц.
Во стравичното насилство, 20-годишна мајка на три деца од околината на Ниш вчера трипати со нож си ја исекла својата 6-годишна ќерка откако надлежниот Центар за социјална работа наводно се обидел привремено да и ги одземе преостанатите две деца, бидејќи третото дете е веќе во згрижувачко семејство.
– Службениците од надлежниот Центар за социјална работа дојдоа да преземат две деца кои требаше да бидат однесени во згрижувачко семејство. Со оглед на тоа дека нивната мајка, која инаку е долгогодишен зависник, и покрај сите предупредувања и шанси што наводно ги добивала од надлежните, не го поправила однесувањето, се решиле на таков чекор. Имено, кога ги здогледала вработените работници во Центар, жената целосно го изгубила умот, со закани, пцовки и агресивно однесување, грабнала нож и го расекла своето 6-годишно дете по грбот – велат очевидци на стравичниот инцидент.
Истрагата е во тек и ќе се утврдат сите детали за ова кривично дело семејно насилство. Мајката монструм по инцидентот била приведена и задржана во притвор, а девојчето итно било пренесено во болница.