Одбележан 22-Мај – Меѓународниот ден на биолошката разновидност во Општина Дебрца

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вчера, на Светскиот ден на биолошката разновидност, во Општина Дебрца беше  одбележан 22 мај –  Меѓународниот ден на биолошката разновидност . Настанот беше во организација на Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016”, во кој заедно со вработени во Општина Дебрца и локални жители реализираа низа активности.

Притоа беше изведено теренско набљудување и регистрирање видови од растителниот и животинскиот свет на неколку локалитети – Сини Вир меѓу Ново Село и Белчишта, како и изворите Горно Поле кај с. Велмеј. Исто така беше организирана и обука за запознавање и собирање лековити и ароматични билки и плодови од природата со кои изобилува Дебрца. Слични активности се планираат во наредниот период за пошироката јавност.

Активностите се поддржани од US Forest Service и тековните проекти кои Ектоуризам 2016 го спроведува со општина Дебрца, а се со цел  истражување на природните богатства и нивно одржливо искористување за развој на општината.

Share This Article