Лидерот на централно-десничарската националистичка партија ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски, инсистира да се користи терминот „Македонија“ наместо уставното име на земјата, по чекорите на новата претседателка, Гордана Сиљановска, објави грчки Катимерини.
Медиумот наведува дека Мицкоски го пофалил нејзиниот став како „достоинствен“ во нарекувањето на нивната земја како „Македонија“.
„Ако Грција верува дека го прекршивме Договорот од Преспа, нека се жали до Меѓународниот суд на правдата; Не очекуваме односите меѓу двете земји да се засноваат на покажување моќ; Очекуваме добри и одлични меѓусоседски односи“, ги наведува Катимерини пораките од денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицковски, исто така, ги повика грчките компании да инвестираат во Македонија, нагласувајќи ја меѓусебната соработка. Тој ги охрабри македонските компании да инвестираат во Грција, промовирајќи ги билатералните економски врски, објави Катимерини.