Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ четириесет и првата седница на Советот на општина Охрид на ден 23.05.2024 година (четврток) со почеток во 09:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 40-та седница
-
- Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2023 година со интегриран финансиски извештај за 2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Водовод“ Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2024 годинa.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работaта на ЈП„Билјанини извори“- Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на Статутот на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид.
- Предлог – Oдлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и јавни паркинг простори со кои стопанисува ЈП„Билјанини извори“-Охрид.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2024 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2024 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за финансиските потреби на Територијалната противпожарна единица – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2024-2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за 2024 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за спорт и рекреација за 2024 година за периодот од 01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за млади и невладини организации за 2024 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за културни манифестации и творештво за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2024 година (Н1) за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2024-2026 (НА) за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2024 година (Н2) за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2024-2026 (НБ) за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2024 година (В1) за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2024-2026 (ВА) за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за здравствена и социјална заштита за 2024 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето за 2024 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2024 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2024 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата други комунални услуги за 2024 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за енергетска ефикасност за 2024 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување јавна чистота за 2024 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2024 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2024 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2024 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2024 година за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште во 2024 година за период од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2024 година (Н1).
- Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование за 2024-2026 година (НА).
- Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2024 година (Н2).
- Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2024 година (Т1).
- Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2024 година.
- Предлог-одлука за отстапување на времено користење простор за потребите на Стартап Центар (Smart Ideas Hub) во Охрид.
- Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2024 година во општина Охрид.
- Предлог-одлука за уредување на меѓусебни права и обврски помеѓу општина Охрид и ЈП Градски Пазар Охрид во делот на поставување урбана опрема – покриени и непокриени шанкови со локации.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2024 – 2026 година.
- Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за градежни парцели ГП 7.1.190 и ГП 7.1.175 во ДУП за УЗ 7, УБ 7.1, општина Охрид.
- Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за поместување на границите помеѓу соседни градежни парцели ГП 12.3.5 со намена А1- домување во куќи и ГП 12.3.7 со намена А2- домување во згради во ДУП за дел од УЗ 12, дел од УБ 12.3 – опфат 1, КО Охрид 4, Општина Охрид.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Сашо Донев