Заедно со оваа објава Цеца објави и детска песна, а бебето го покри со налепница.
Вељко и Богдана Ражнатовиќ денеска на 14 мај станаа родители на третото момче Исаија, а гордата баба, пејачката Цеца Ражнатовиќ, ја објави првата фотографија од бебето.
Имено, таа напладне објави фотографија од својот син Вељко како го држи третиот наследник во раце за првпат.
Со фотографијата од породилиште Цеца напиша:
„Добредојде Исаиј“, напиша гордата Цеца и додаде неколку емотикони со сини срца.
За потсетување, Цеца и Вељко Ражнатовиќ утрово пристигнаа во болницата каде на 14 мај се породи Богдана Ражнатовиќ и го роди третиот син.
Вељко насмеано помина покрај насобраните медиуми за што побрзо да ги види сопругата и синот, а фолк ѕвездата застана да ги сподели првите впечатоци и да одговори на прашања.
– Одиме да го видиме, спиеше! – веднаш рекла насмеаната Цеца.
– Му благодарам на Бог, сѐ е супер! Сè уште сум возбудена… Тоа е најдоброто чувство на светот! Бебето е медено, слатко, како крофна! – истакнала таа.