САД се покрај Украина уште од првиот ден и ќе останат на нејзина страна, напиша шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен по денешната ненадејна посета на Киев.
– Слободна, напредна Украина е најсилниот отпор на рускиот претседател Владимир Путин – изјави Блинкен кој денеска во Киев на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Блинкен се сретна со Зеленски во претседателскиот штаб на Банкова во Киев, на социјалната мрежа Х напиша дека повторно дошол да покаже „непоколеблива поддршка за Украина додека ја брани нејзината слобода од руската агресија“.
Зеленски му рекол на американскиот дипломат дека тоа е тежок период за украинските војници, особено на истокот на земјата, и му се заблагодарил на Блинкен за клучниот пакет воена помош што американскиот Конгрес го донесе минатиот месец, пишува Би-Би-Си.
Украинскиот претседател додаде дека од клучно значење е оружјето да се достави што е можно побрзо. Зеленски зборуваше и за нерешените потреби на Украина, оценувајќи дека противвоздушната одбрана е „најголемиот дефицит“, што сега е случај во Харков.
Блинкен рече дека се восхитува на извонредната издржливост на Украина, како и на силното лидерство на Зеленски. Тој призна дека тоа е „предизвикувачки период“, но дека американската помош е „на пат“, што според него ќе направи „клучна разлика“ на бојното поле.