Претставникот на Хрватска на Евровизија Бејби Лазања, по огромниот успех и освојувањето на второто место, вчера се врати дома.
Бејби Лазања го постигна најголемиот евровизиски успех од осамостојувањето на Хрватска, а пристигна на главниот плоштад во Загреб каде Градот организираше голем пречек на кој присуствуваа илјадници луѓе.
Пејачот двапати ја испеа „Рим Тим Таги Дим“ за публиката, а присутните пееја и танцуваа со него.
Меѓу оние кои го пречекаа Бејби лазања на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ беа и градоначалникот на Загреб Томислав Томашевиќ и мандатарот Андреј Пленковиќ.
Во еден момент, Лазања се расплака на сцената.
„Лесно ми е мене, важно е луѓето да се среќни“, скромно рече тој, пренесува хрватски „Индекс“:
„Очекував можеби сто луѓе“, додаде.
Бејби Лазања по излегувањето на сцената покрај хрватската делегација изјави дека сè направил сам со тимот, а медиумот потсетува дека Лазања беше резервен избор на ХРТ за Евровизија.
Според гласовите на публиката, хрватскиот претставник победи во Малме.