More

    Израел планира да ја прошири својата воена операција

    spot_img

    Околу 300.000 Палестинци ги напуштиле источните населби на градот Рафа, во јужниот дел на Газа, откако беше издадена наредба за евакуација на 6 мај, соопшти израелската армија.

    – Досега околу 300.000 жители се преселиле во хуманитарната зона Ал-Маваси, на неколку километри подалеку од Рафа, се вели во соопштението на израелската армија.

    Израел издаде наредба за проширување на опсегот на евакуацијата од Рафа, како дел од подготовките за копнена офанзива во градот.

    Израелските трупи продолжија да ги гаѓаат борците на Хамас на одредени локации во источниот дел на градот во јужниот дел на Појасот Газа и убиле неколку милитанти во изминатите 24 часа, се вели во извештајот, јави ДПА.

    Израелските војници сѐ уште се активни на страната Газа на граничниот премин Рафа со Египет, се вели во соопштението.

    Повеќе од еден милион Палестинци бараат засолниште во Рафа, од кои половината се деца.

    Израелската армија на почетокот на неделата ја окупираше страната на Газа на преминот Рафа. Во саботата, таа ги повика Палестинците да напуштат големи делови од Рафа кон брегот на Средоземното Море, во повикот што укажува на тоа дека планира да ја прошири својата воена операција во густо населениот центар на градот, наведува ДПА.

    Министерството за здравство на Хамас денеска објави дека најмалку 28 лица загинале во Појасот Газа во изминатите 24 часа.

    Министерството во редовниот дневен извештај објави дека во израелската војна против палестинското исламистичко движење Хамас, која започна на 7 октомври минатата година, досега се убиени 34.971 лице.

    Во седумесечната израелска воена операција во Газа повредени се 78.641 лице.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img