Масовен пропалестински протест организиран од мрежата „Стоп Израел“ се одржува денеска во Малме, Шведска, во пресрет на финалето на Евровизија.
Демонстрантите повикуваат Израел да се исфрли од натпреварот за Песна на Евровизија поради ситуацијата во Газа. Демонстрантите веат палестински знамиња.
Мерките за безбедност во Малме се значително зголемени.
Во 2022 година на Русија ѝ беше забрането учеството на Евровизија поради нападот врз Украина.
Денеска и официјално беше објавена одлуката на ЕБУ, дека претставникот на Холандија е дисквалификуван поради инцидент со вработена во Евровизија.