На 09.05.2024 во 14.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода О.Ц.(38) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 12.30 часот во угостителски објект во Кочани се однесувал агресивно и со пиштол удрил едно женско лице. Подоцна, при претрес во неговиот дом и неговото возило „ауди“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм, 25 куршуми калибар 7,65 мм и лисици за врзување. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (10.05.2024) во 01.30 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.05.2024 во 21.05 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.05.2024 во 16.00 часот во с.Петровец, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Е.(50) од скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.05.2024 во 00.30 часот на регионален пат Тетово – Скопје, кај тетовско Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода Б.Л.(42), С.И.(38) и М.М.(35), сите од Тетово. При преглед во патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 09.05.2024 во 18.30 часот на улица „Ристо Крле“ во Струга, полициски службеници под ОВР Струга го лишиле од слобода Т.Б.(46) од Струга, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.05.2024 во 12.10 часот во Градскиот парк во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода Ф.С.(18) и малолетник, двајцата од Велес, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.05.2024 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“, управувано од Ш.С.(38) од с.Брест, скопско, патничко возило „фиат 500“, управувано од М.Ц.(25) од с.Кучевиште, скопско и патничко возило „фолксваген туран“, управувано од З.З.(66) од Скопје, трите со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел мерива“, Б.М.(31) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 09.05.2024 во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на Рафинеријата, патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.К.(41) од Косово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 09.05.2024 во 14.10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од улиците „Владо Малески“ со „Пабло Неруда“ во Струга, патничко возило „цитроен“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Г.(52), удрило во велосипед, управуван од Б.М.(47), двајцата од Струга. Во несреќата Б.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршила екипа на ОВР Струга.
Денеска (10.05.2024) во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(37) од Скопје, удрил во метален столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Џ.А.(36) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 09.05.2024 во 11.30 часот во СВР Битола било пријавено дека дека на ул.„Борис Буџевски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(69) од Битола и мопед управуван од Б.С.(65) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 09.05.2024 во 22.25 часот во Полициската станица Центар, Д.Д.(33) од Скопје пријавил дека на Кеј „13 Ноември“ бил каснат од куче скитник.
На 09.05.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.В.(81) од Скопје пријавила дека на ул.„Австралиска“ била касната од куче скитник.