More

    Мицкоски најави кој ќе влезе во владината коалиција

    spot_img

    Убедливата двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските и на парламентарните избори рече е историска, но и обврзувачка за новата влада на ВМРО-ДПМНЕ за реформирање и исполнување на ветените проекти, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5

    – Истовремено очекувам до 28 мај да консолидирам како претседател на партијата 61 пратеник. Вие споменавте 58 пратеници или нешто повеќе од 436.000 гласови нешто што до сега е незапаметено на толкава излезеност и на толкав процент на освоени гласови од позиција на опозиција. И ценам дека овој историски резултат можеби многу тешко би се повторил понатаму – истакна Мицкоски.

    На прашањето дали Изет Меџити ќе биде новиот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека со освојување на 107.000 гласа, коалицијата Вреди го потврдила својот кредибилитет за да бидат кредибилен партнер на идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.

    – Со резултатот што го направија од Вреди со 107.000 гласа ценам дека тие го потврдија својот кредибилитет и тие можат да бидат кредибилен партнер во идната влада која што ќе ја предводи коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и јас како мандатар – потенцираше Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img