Иако сè уште нема завршено матура и средно училиште, Барон Трамп, најмладиот син на Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, влегува во политичката арена. Како што пренесува Политиоко, Барон Трамп (18) е избран за делегат на Републиканската партија на националната конвенција.
Барон и другите двајца синови на Трамп, Доналд Трамп Јуниор и Ерик Трамп, ќе бидат партиски делегати од Флорида, каде што Трамп се пресели по напуштањето на Белата куќа. Интересно е што за делегат е избрана и помладата ќерка на Трамп, Тифани Трамп Булос, како и нејзиниот сопруг Мајкл.
Делегатите на Републиканската партија ќе учествуваат на националната конвенција што ќе се одржи во јули во Милвоки.
Иванка Трамп е единственото од петте деца на Трамп што остана надвор од политиката откако беше постар советник на својот татко за време на неговиот четиригодишен мандат во Белата куќа. Како и нејзините други браќа и сестри, и таа во меѓувреме се пресели на Флорида.
Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека Трамп води пред Џо Бајден на Флорида за повеќе од десет процентни поени. Тој победи на изборите во оваа држава во 2016 и 2020 година.