Цента на мазутот се намалува, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според, одлуката на РКЕ малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,223 ден/кг и сега ќе изнесува 44,609 ден/кг.
Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати остануваат исти за останатите горива, па така „еуросупер- 95“ и нараму ќе има цена од 86 денари, „еуросуер – 98“ 88 денари, а и дизелот ќе се продавапо старата цена од 74,50 денари по литар.
Не се менува ниту цената на масло за горење и тоа ќе се продава по цена од 74 денари по литар.