More

    Албанскиот министер за внатрешни работи низ солзи ја соопшти веста

    spot_img

    Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала со солзи во очите ја соопшти тажната вест за пронаоѓањето на телото на второто дете на Алма Ареза, мајка која стави крај на животот скокајќи во реката Бојана со трите деца.

    – Пронајдено е телото на уште едно дете. Во овој предел се сомневаат дека се и телото на мајката и третото дете. Потрагата на РЕНЕА и рибари од околината продолжува и денеска. Тежок момент, не можам да најдам зборови – изјави министерот за внатрешни работи на Албанија, пренесува VoxNews.

    Тој ги повика сите девојки и жени во земјата да го осудат насилството.

    -Насилство во семејството, насилство со кое се соочува секоја девојка и жена кога оди на работа, на улица. Често сум кажал, но дојде моментот да го кажам и со солзи во очите, мора да се ослободиме од оваа ситуација. Сите ние мора да реагираме како општество. Дури и кога девојките не можат да реагираат, сите други треба да реагираат. Мора да ја зголемиме нашата моќ за да добиеме информации и навреме да интервенираме – додаде Бала.

    Да потсетиме, вчера  беше објавено дека мајка и нејзините три деца се удавиле во реката Буна во градот Скадар, а се сомнева дека причина за ова е насилството што 31-годишен маж системски го вршел врз жената и децата.

    Во саботата рибар го пронајде телото на деветгодишно девојче.

    Продолжува потрагата по мајката и нејзиниот син.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img