More

    Западниот свет го напушти класичниот либерализам и вреднување на поединецот во корист на нова верзија дефинирана со владеењето на малцинствата и филозивијата „wokenss“

    spot_img

    Западниот свет го напушти класичниот либерализам и вреднување на поединецот во корист на нова верзија дефинирана со владеењето на малцинствата и филозивијата „wokenss“, објасни контроверзниот руски филозоф и идеолог на путинизмот, Александар Дугин, во интервју со познатиот американски новинар Такер Карлсон.

    – Постојано растечкото антируско расположение на Запад произлегува од фактот дека Русија се придржува до традиционалните вредности кои западните „прогресивци“ се обидуваат да ги уништат – вели Дугин.

    Карлсон го праша Дугин зошто многу луѓе од Западот, дури и оние кои претходно го поддржуваа Советскиот Сојуз, се свртеа против Русија кога претседателот Владимир Путин дојде на власт во раните 2000-ти и почна да исповеда русофобични идеи.

    Дугин одговори:

    – Кога (Путин) дојде на власт, од самиот почеток, тој почна да ја извлекува Русија од глобалното влијание. Тој почна да противречи на глобалната прогресивна агенда… се обиде со успех да ги врати традиционалните вредности – суверенитетот на државата, христијанството, традиционалното семејство – рече тој објаснувајќи дека западните прогресивци гледаат на овие случувања како спротивставени на нивните вредности.

    – Оваа омраза не е нешто случајно… таа е метафизичка. Ако вашата главна задача и главна цел е да ги уништите традиционалните вредности – традиционалното семејство, традиционалната држава, традиционалните односи, традиционалните верувања – и некој со нуклеарно оружје… цврсто ги брани традиционалните вредности што ќе ги укинете – тие имаат некаква основа за оваа русофобија и омраза кон Путин.

    Во 2022 година, ќерката на Дугин, Дарја, беше убиена во бомбашки напад со автомобил во Москва, за кој руските власти тврдат дека бил оркестриран од украински агенти, верзија што ја изрази и американската влада. Дарја, сама по себе новинарка и политички активист, беше гласен поддржувач на руската окупација на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img