Имигрант од Лаос кој 8 години боледува од рак, добитник е на историскиот џекпот од 1,3 милијарди долари на американската лотарија Powerball. Ченг „Чарли“ Сифан живее во Портланд и минатата недела го имал последиот третман на хемотерапија.
На прес-конференцијата одржана од Лотаријата во Орегон, Чарли изјави дека тој и неговата сопруга Дуанпен рамномерно ќе ја поделат наградата со нивната пријателка Лаиза Чао која дала 100 долари за да купи неколку тикети со нив.
Тие ќе добијат 422 милиони долари по оданочувањето.
-Ќе можам да се грижам за моето семејство и моето здравје. Ќе можам да најдам и добар лекар за мојата болест.
Чарли вели дека како пациент болен од рак, се прашувал: – Како ќе имам време да ги потрошам сите овие пари? Колку долго ќе живеам?
Среќниот добитник откри дека кога ги купил тикетите и испратил фотографија на својата сопруга и ѝрекол: „Ние сме милијардери“.
-Тоа беше шега, но следниот ден се острвари токму т0а – изјави Чарли Сифан.
Добитниот билет за Powerball бил продаден на почетокот на април во продавницата во Портланд, ставајќи крај на серијата без победа која се протегаше повеќе од три месеци. Лотаријата во Орегон соопшти дека морала да помине низ процес на безбедност и проверка пред да го објави идентитетот на лицето кое дошло да ја побара наградата.