More

    За запленетите средства ќе следува одмазда

    spot_img

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, му се закани на Западот со можна одмазда доколку се обиде да го заплени рускиот имот. Можноста за запленување руски имот се дебатира во САД, Обединетото Кралство и Европската унија, а некои бараат парите да се искористат за финансирање на помош – па дури и оружје – за Украина.

    Песков сугерираше дека Москва може да заплени странски средства во Русија доколку се преземат какви било потези за запленување на руски средства во странство.

    – Се разбира дека Русија ќе ги користи овие правни канали и целосно ќе ги брани своите интереси – рече Песков во интервју за руската телевизија.

    Тој, исто така, предупреди дека Западот би можел да ја изгуби довербата на другите странски инвеститори доколку се манипулираат руските средства.– Сигурноста исчезнува преку ноќ поради една глупава, непромислена одлука – рече Песков.

    Имот на Руската Народна банка вреден стотици милијарди долари замрзнат е во ЕУ и на други места по сеопфатната руска инвазија на Украина во февруари 2022 година.

    Според сегашниот предлог на ЕУ, нема да има експропријација на основните средства, туку приходите од средствата би и биле дадени на Украина.

    „Не смее да се допира рускиот имот, во спротивно ќе има силен одговор на кражбата од Западот. Многумина на Запад веќе го сфатија тоа. За жал, не сите“ – напиша портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова во објавата на Телеграм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img