More

    Повторно поскапуваат цигарите, нови цени од 7 мај

    spot_img

    Цигарите повторно поскапеа, а Службен весник објави нови цени кои ќе важат од 7 мај.

    Од среда, поточно 1 мај, во Србија важат новите износи на акцизата, кои се во согласност со ланската инфлација од 7,6 отсто, пренесува Данас.

    Ова е нова лоша вест, а пред се за пушачите, бидејќи веќе се зголемени цените на разни цигари, што е објавено во Службен весник.

    Немаше дилема дека сега ќе поскапува тутунот и тутунските производи, само прашање беше колку ќе биде поскапувањето.

    Како што пишуваше РТС пред неколку дена, со просечна цена од околу три евра за кутија, цигарите во Србија и натаму се најевтини, иако учеството на акцизата во цената е 61 отсто, а со ДДВ дури 77 отсто.

    Досегашната практика беше производителите да ги покачуваат цените за 10 динари по кутија цигари, што се чини дека и сега се почитуваше.

    Целта на измените на акцизите на цигарите е да се усогласат со стандардите на Европската Унија, според кои до 2025 година државата треба да заработува најмалку 90 евра за 1.000 цигари, што е 1,8 евра по кутија, за по поскапување во следната година, цената ќе биде иста како во земјите од ЕУ, напиша претходно Данас.

    Последната година имаше три поскапувања, бидејќи во октомври Владата ги зголеми акцизите за цигарите за осум отсто, поради што производителите ги покачија цените за 10 динари.

    Со ова зголемување државата заработува 90,99 динари по пакување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img