More

    Владата да не ги заборави долговите за струја на јавните претпријатија

    spot_img

    Предупредувањето на Енерџи деливери солушнс (ЕДС) во изминатиот период дека поради акумулираните долгови за електрична енергија, дел од јавните институции и претпријатија неминовно ќе се соочат со прекин во испораката на електрична енергија, деновиве се реализира.

    Со цел да се превенираат овие непосакувани акции за исклучување од снабдувањето со струја, ЕДС во изминатиот период во повеќе наврати апелираше за поголема ажурност на претпријатијата за навремено подмирување на сметките за електрична енергија, подобро планирање на буџетите за потрошувачка на електрична енергија и домаќинско трошење на струјата.

    – Ја поздравуваме одлуката на Владата да ги помогне институциите кои беа исклучени од снабдување од страна на ЕВН, но истовремено апелираме дека е неопходно Владата да помогне и кај јавните претпријатија што должат и кон останатите снабдувачи со електрична енергија на македонскиот пазар. Интервенцијата на Владата не смее да биде селективна и финансиската помош за покривање на долговите за електрична енергија не би требало да биде насочена само кон еден снабдувач – велат од ЕДС.

    Тие напоменуваат дека сервисирањето на долговите за електрична енергија кои јавните претпријатија ги имаат акумулирано значи и одговорност кон граѓаните кои токму од овие правни субјекти добиваат витални услуги.

    – Токму во интерес на граѓаните кои ги користат услугите на државните институции и на јавните претпријатија неопходно е што поскоро да се најде решение за нивните долгови за електрична енергија, кои што кај некои достигнуваат високи износи и со тоа ја загрозуваат испораката на струја и кон останатите клиенти и ја нарушуваат стабилноста на балансната група во целост кај сите снабдувачи – додаваат од ЕДС.

    Во овој момент, балансната група која што ЕДС ја снабдува со електрична енергија ја сочинуваат повеќе од 550 правни субјекти, од кои над 200 се јавни претпријатија и институции.

    ЕДС, која што веќе 10 години работи на македонскиот пазар по највисоки професионални стандарди, има целосно разбирање за предизвиците со кои што се соочуваат сите деловни субјекти во енергетска и во финансиска смисла поради зголемувањето на цената на електричната енергија. Поради тоа, кога ќе дојдат во ситуација некои од клиентите да се соочат со проблеми при подмирувањето на своите обврски, работат со нив за да најдат начин како соработката да продолжи, особено кога се работи за клиенти чија примарна дејност е давање услуги кон граѓаните и домаќинствата.

    – Но, во одредени случаи, и покрај нашите обиди да се дојде до заемно прифатливо решение, принудени сме да ги искористиме законските решенија за раскинување на договорот и прекин на испораката кон некои од клиентите. Затоа, како општествено одговорна компанија која што секогаш го има предвид интересот и на клиентите и на граѓаните, уште еднаш апелираме до надлежните органи, општините, јавните претпријатија и институции дека во постојните услови во енергетскиот сектор од клучно значење е редовното и навремено подмирување на сметките за електрична енергија, разумното и одговорно планирање на буџетите за потрошувачка на електрична енергија од надлежните сектори и секако рационално користење на енергијата – порачуваат од Енерџи деливери солушнa.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img