More

    Лувр бара нов дом за најпознатата слика во светот

    spot_img

    Парискиот музеј Лувр бара нов дом за Мона Лиза, познатата слика на Леонардо да Винчи. Музејскиот скапоцен камен е во центарот на плановите за реновирање за да им се овозможи на посетителите да ги видат уметничките дела без гужви.
    Ремек-делото на Да Винчи, кое моментално се наоѓа во крилото на музејот Денон, ќе биде преместено во посебна комора во подрумот на институцијата.

    Реновирањето, наводно, ќе им овозможи на гостите да го заобиколат познатиот влез со стаклена пирамида во корист на два подземни влеза: еден за Мона Лиза и друг за привремени изложби. Буџетот за ремонт на музејот се проценува на 500 милиони евра, но може да има потенцијално намалување поради напорите на францускиот претседател Емануел Макрон да го ограничи трошењето на државните пари.

    -Не ги пречекуваме баш најдобро посетителите во оваа просторија, па чувствуваме дека не си ја вршиме работата како што треба. Преместувањето на Мона Лиза во посебна просторија може да го намали разочарувањето на јавноста –  објасни Лоренс де Карс, директорка на Лувр.

    Де Карс, исто така, истакна дека реновирањето ќе им овозможи на гостите да имаат попријатно доживување при гледањето на другите дела што се чуваат во близина на Мона Лиза, како што е Свадбената гозба од Веронезе, за која вели дека е покриена со селфи стапчиња.
    Винсент Делевен, главен куратор на италијанското сликарство од 16 век во Лувр, ја повтори изјавата на Де Карс.

    – Размислувавме долго време, но овој пат сите се согласуваат. Тоа е голема просторија, а Мона Лиза е одзади, зад безбедносното стакло, па на прв поглед изгледа како поштенска марка – изјави Де Карс за „Фигаро“
    Сликата на која е прикажана италијанската благородничка Лиза дел Џокондо дневно ја гледаат околу 30.000 посетители, за што чекаат и до два часа. Се чува зад непробојно и антирефлективно стакло, кое покрај поставките за температура и влажност може да предизвика прилично непријатно доживување при гледањето. Не е ни чудо што прегледите на интернет за портретот често го нарекуваат „најразочарувачкото ремек дело на светот“. Љубителите на уметност долго време се жалат дека сликата ги засенува другите уметнички дела изложени во близина.

    Во јануари, Мона Лиза беше во центарот на протестите за време на кој активистите врз сликата фрлаа супа од тиква врз сликата. Иако сликата не е оштетена, се чини дека новиот дом би можел да биде решение и за овие ситуации.

    Фото: Pixabay
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img