Сопругите на претседателските кандидати денеска го исполнија правото на глас за претседателските избори. Во каков стaјлинг се појавија тие на гласачките места?
Елизабета Ѓоргиевска за оваа прилика облече бел фустан, беж коланче, нежно розов часовник и чанта со црно-розова комбинација.
Надица Димитриевска беше облечена во црно-бела комбинација во црни широки панталони, бело сако со бела блуза и црна ташна.
Валбона Османи на избирачкото место се појави со темносина комбинација, костум со широки панталони, бела блуза и мала ташна со црно сива и бела комбинација.
Елизабета Јакимовска денеска гласаше во комбинација на беж костум, бела полуролка, шарена марама и кафена ташна.
Нора Таравари беше облечена во бордо фустан со големи виолетово бели цветови и беж мантил.