Излезеноста на гласање во првиот круг претседателски избори до 9 часот изнесува 3,85 отсто соопшти Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК Александар Даштевски кажа дека гласањето се одвива мирно и без неправилности во првите два часа од отворањето на гласачките места.
До ДИК се доставени 12 приговори за заштита на личното избирачко право, а според првичните информации на комисијата, сите гласачки места се отвориле на време.
– До 9 часот пристигнати податоци од 832 избирачки места од вкупно запишани 402 748 гласачи, на овие избирачки мета гласале 15 487, односно 3,85 отсто од гласачите – изјави Даштевски.
Немаме пријавени поголеми неправилности, на неколку места има само технички проблеми, дали е до батерија кабел и слично, кои ги решаваме во од, рече претсдателот на ДИК.
– Претпоставуваме дека и во текот на денот ќе има такви. Доколку биде прекинато гласањето според законот, ќе се продолжи таму. Сите се отворени работат, доколку има некое место да престане со работа повеќе од три часа ќе информираме во текот на денот – рече Даштевски.
На овие избори можат да гласаат 1 814 317 граѓани кои се запишани во избирачкиот список.