More

    Близу 17.000 работници во јавните претпријатија секој месец чекаат субвенции од државата за да земат плата

    spot_img

    Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и Град Скопје. Најголем дел или 143 се основани од Град Скопје и општините, 13 се под „капа“ на Владата а 3 јавни претпријатија се основани од собранието. Според податоците од Министерството за финансии, голем дел од јавните претпријатија во земјава генерираат долгови кои не можат навреме да ги намират.

    Лани во сите јавни претпријатија во државата работеле 16.887 лица. Тие опфаќаат голем број на вработени, нудат услуги, а не се финансиски одржливи.

    Новите податоци кои ги анализира „Порталб“, кои се потпираат на повеќе извори, покажуваат дека голем дел од јавните претпријатија во земјава работат нерентабилно, не можат да ги намират доспеаните долгови, генерираат нови обврски и работат со загуби кои се амортизираат со буџетски пари од централната и локалната власт. Но од друга страна јавните претпријатија се едни од „најголемите” работодавачи.

    Според податоците од регистарот за вработени во јавниот сектор во 2023 година, со над 500 вработени функционираат повеќе јавни претпријатија  како што се националниот сервис МРТ, Национални шуми, Железници – Инфраструктура, ЈСП, Комунална хигиена, Водовод и канализација и други.

    Интересен е податокот дека во јавните претпријатија во државата, дури 81,94% од вработените се мажи а останатите 18,06% се жени. На ниво на целиот јавен сектор, најголема просечна возраст на вработените е регистрирана токму во јавните претпријатија. Дури 75,4% од вработените се постари од 46 години.

    „Може да се забележи дека најголема просечна возраст од 49,3 години има кај јавните претпријатија“, се наведува во Извештајот.

    Речиси 71% од вработените не се изјасниле за етничката припадност или одговориле дека припаѓаат на „друга“ без да посочат која. Од вкупниот број на вработени во сите ЈП, речиси 18% се етнички Македонци, 0,66% се изјасниле за етнички Албанци, 4,69% Роми, 2,34% Турци, 1,30% се изјасниле како Срби, 1,63% Власи и 0,41% Бошњаци.

    Големите јавни претпријатија основани од Владата, според новите податоци од Министерството за финансии, и ланската година ја завршиле со загуби. Конкретно, ЈП Железници Инфраструктура во последниот квартал од 2023 година прикажале минус од скоро 1,6 милиони евра, ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта загуба од 1,5 милиони евра, ЈРП МРТ во последниот квартал прикажало минус од 3 милиони евра, ЈП Колекторски систем со загуба од 742 000 евра.

    Голем дел од jавните претпријатија на градско и на локално ниво и натаму се потпираат на „трансферите“ во форма на субвенции кои годишно се бројат во милиони на годишно ниво. Јавните претпријатија долги години котираат високо на и „должничката“ листа на Министерството за финансии. Лани, на должничката листа, со доспеани а неплатени обврски, високо рангирани во првите десет се три ЈП: МЖ Железница Инфраструктура со обврски во износ од 41 милион евра, ЈП Водовод и канализација Скопје со долг од скоро 9,1 милион евра и ЈП Водовод Куманово со Ц. О Куманово со должнички износ од 9 милиони евра. ЈП на централно и на локално ниво, заедно со државните фирми се најзадолжениот сектор.

    Вкупниот број на јавни претпријатија е 159, од кои 115 се јавни претпријатија за комунални работи, 8 се јавни претпријатија за земјоделство и шумарство, 17 се транспортни јавни претпријатија, 2 јавни претпријатија од дејноста информирање, 1 јавно претпријатие од дејноста информатичко општество и 15 јавни претпријатија од други дејности

    Од вкупниот број на 159 јавни претпријатија, 13 се основани од страна на владата, 3 се основани од собранието, а најмногу, односно 143 се основани од страна на Градот Скопје и општините.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img