More

    „Сименс“ ќе инсталира генератор кој ќе произведува 21 мегавати енергија

    spot_img

    „Сименс“ планира  до крајот на деценијата да ја произведе најголемата турбина на ветер во светот, во обид да ја задржи лидерската позиција во еден од најбрзо растечките енергетски сектори.

    Германската фирма има за цел да инсталира офшор генератор на ветер способен да произведува околу 21 мегават енергија, надминувајќи ги најголемите слични механизми понудени од кинеските конкуренти, пишува Блумберг.

    Планираната единица би била околу 40% помоќна од сега најголемата турбина на компанијата, која има ротор перки долги 115 метри. Овој потег би можел повторно да ја запали трката меѓу западните компании, паузирана бидејќи индустријата се соочи со големи загуби во последниве години.

    Бизнисот со ветерници на „Сименс енерџи“ имаше проблем со тесните грла во синџирот на снабдување, зголемените трошоци и проблеми со квалитетот. И покрај загубите, „Сименс Енерџи“ ја задржа својата улога како најголем снабдувач на турбини за офшор ветерни електрани.

    Минатата година, Европската унија додели 30 милиони евра на „Siemens Gamesa“ за да го тестира, како што рече, „најмоќниот прототип на турбина на ветер во светот“ во објект во Остерилд, Данска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img