More

    Западот е на чекор од испраќање трупи во Украина и денеска во Брисел владее провоено мнозинство

    spot_img

    Западот е на чекор од испраќање трупи во Украина и денеска во Брисел владее провоено мнозинство, соопшти унгарскиот премиер, Виктор Орбан, на пренос на HirTV, а објави српски Танјуг.

    – Во Европа расположението е воинствено, а во политиката доминира логиката на војната. Гледам подготовки за војна од сите страни. Генералниот секретар на НАТО сака да формира украинска мисија на НАТО. Европските лидери веќе влегоа во војната, разговарам со нив, ги слушам, тие ја гледаат оваа војна како нивна и така ја водат – посочи Орбан.

    Унгарскиот лидер укажа на постепено зголемување на помошта на Европа за Украина, почнувајќи од испраќање воена опрема и воведување санкции кон Русија до испраќање оружје и пари.

    – Пари, пари, оружје, но ситуацијата не се подобрува, всушност се влошува. На чекор сме од тоа Западот да испрати војници во Украина. Ова е вител на војна што може да ја одвлече Европа во длабочините. Брисел си игра со оган – предупреди Орбан и нагласи дека Будимпешта нема да биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт.

    Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, изјави дека стратегијата на европските лидери е штетна за Европејците и посочи дека и покрај тоа што лидерите на ЕУ „се чувствуваат како да се во војна“, Европа не е во војна бидејќи „ никој не ја нападна“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img