Кошаркар во дресот на Далас маверикс, Лука Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА во сезоната 2023/24.
Словенечкиот репрезентативец има одлична сезона и е во најтесниот круг на кандидати и во изборот за најкорисен играч (МВП) во лигата.
Лука Дончиќ има просек од 33,9 поени по меч, со прецизност на шутот од 48,7% од поле, 38,2% за три поени и 78,6% од слободни фрлања.
Со 25 години тој е најмладиот добитник на оваа награда по Кевин Дурент во сезоната 2011/12.