Вистинска бура од реакции во јавноста предизвика информацијата која пред неколку месеци ја објави босанскиот портар Бизнисифо.ба дека во Живинице, мал град во БиХ, има повеќе од 150 милионери. Ова место го нарекуваат и „град на милионерите“.
Оваа информација ја изнесе др. Самир Вилдиќ, претседател на Управниот одбор на Фондацијата на претприемачи во Босна и Херцеговина. Според него, статистички (односно како процент од населението) Живинице има многу повеќе милионери од Берлин, односно има ист број милионери како Келн.
Споменатиот портал претходно, истражувајќи ја вистинитоста на овие податоци, дошол до информација дека во Живинце во 2022 година имало 110 фирми со приходи од над еден милион марки (околу 511.000 евра), од кои заклучиле дека е реално дека има повеќе од 150 милионери во градот вкупно.
Во исто време, многу од овие компании ги зголемиле приходите – некои за неколку милиони, а некои за десетици милиони марки.
Значи, вкупните приходи на овие компании се зголемија значително, како и бројот на оние што го надминаа споменатиот износ во приходи.
Од сето тоа треба да се заклучи дека бројот на милионери во Живинице веројатно се зголемил за десетина граѓани кои минатата година се приклучиле на „клубот на милионерите“.