Славниот италијански моден дизајнер Роберто Кавали почина денеска во Фиренца на 83-годишна возраст, објави италијанскиот весник „Ла република“
Кавали почина по долга и тешка битка со болеста. Зад себе остави 6 деца меѓу кои и најмладиот Џорџо, е на возраст од една година.
Во светот на модата, Кавали тој стана познат по својот нетривијален, светол стил. Брендот е продаден во 2015-та година кога дизајнерот се повлече од јавниот живот.
Долгите фустани со проѕирни материјали и богати изрези одбележаа долг период од модата. Исто така Кавали ја создаде линијата „Just Cavalli“, лансирана во 1998-ма година.
Роберто Кавали роден е и израслан во Фиренца. Неговиот дедо Џузепе Роси, бил познат сликар, додека неговиот татко Џорџо бил убиен од нацистите. Неговото име го носи најмладиот син на дизајнерот.