More

    Во февруари во земјава се дадени 387 одобренија за градба

    spot_img

    Во февруари годинава се издадени 387 одобренија за градење, што е за 9,9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Предвидена е изградба на 951 стан, од кои 606 се во Скопскиот регион, покажуваат податоците на  Државниот завод за статистика.

    По региони најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион, 123, од кои 66 се во општина Карпош, 12 во Илинден, по 9 дозволи има во Гази Баба, Петровец и Сопиште, 8 во Чучер Сандево и 6 во Центар.  Следуваат Југоситочниот регион, 57 одобренија, Полошкиот, 56, Вардарскиот, 44, Источниот, 32, Југозападниот, 30, Североисточниот, 28, како и Пелагонискиот, каде се издадени најмалку одобренија, 18.

    Од предвидените 951 стан за изградба, со вкупна корисна површина од 78.892 метри квадратни, во  Скопје се 606, од кои 537 се во Карпош, 35 во Центар, 13 во Ѓорче Петров, шест во Сопиште.  Во другите градови, 84 станови се планирани во Гостивар, 76 во Струмица, 75 во Охрид….

    Според издадените одобренија за градење во февруари годинава, предвидената вредност на објектите изнесува 8.819.983.000 денари, што е за 10,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

    Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 171 (44,2%) се наменети за објекти од високоградба, 119 (30,7 %) од нискоградба и 97 (25,1%) за објекти за реконструкција. На 216 објекти (55,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 171 (44,2% ) инвеститори се деловни субјекти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img