More

    Бројот на туристи во февруари е зголемен за 7,9% во споредба со истиот месец лани, а бројот на ноќевања за 7,7%

    spot_img

    Бројот на туристи во февруари е зголемен за 7,9% во споредба со истиот месец лани, а бројот на ноќевања за 7,7%, покажуваат податоци на Државниот завод за статистика.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари имало 44.224 туристи од кои 61% биле странски туристи, а 39% домашни туристи. Регистрирани се 89.362 ноќевања од кои 55,3% биле ноќевања од странски туристи, а 44,7 % од домашни туристи.
    Во периодот јануари – февруари во однос на истиот период минатата година, бројот на туристи е зголемен за 9%, а бројот на ноќевања за 11,6 %.

    Најмногу туристи 5.104 дошле од од Турција, Србија (3.448) и од Грција ( 2.679). Над 1.00 туристи во февруари дошле од Бугарија ( 1.621) Албанија (1.551) Германија (1.424) и од Косово (1.346).

    Најпосетени се езерските градови и Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img